• Sunday, 22 December 2024

Бројот на загинати во сообраќајката во Бразил се искачи на 32 лица

Бројот на загинати во сообраќајката во Бразил се искачи на 32 лица

Сао Паоло, 21 декември 2024 (МИА) - Билансот од тешката сообраќајна несреќа во бразилската држава Минас Жераис е најмалку 32 загинати, соопшти локалната противпожарна служба.

-Меѓу 32 и 35 луѓе ги загубија животите, но засега е невозможно да се даде точен број на жртви поради состојбата на телата, изјави претставник на противпожарната бригада, кој очекува „конечна“ бројка откако истражителите ќе ја завршат својата работа на местото на настанот.

Претходно беше соопштено дека автобус и камион се судриле на автопат во далечната бразилска држава Минас Жераис. Автобусот превезувал 45 патници и патувал од Сао Паоло. Претходно беше објавено и дека 13 лица се пренесени во болница.

Властите соопштија дека на автобусот му пукнала гума, по што возачот изгубил контрола и удрил во камионот. Во автобусот се судрил и автомобил со тројца патници, но сите тројца преживеале. мс/

фото: МИА архива