• Wednesday, 01 January 2025

Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120

Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120

Сеул, 29 декември 2024 (МИА) - Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица - и двајцата од екипажот - се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

„Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во авионот имало 181 лице - 175 патници и шест членови на екипажот.  

Авионот е „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) и летал од Бангкок. зш/

Фото: ЕПА