• Friday, 08 November 2024

Блинкен: Целиот свет треба да го осуди „неприфатливиот“ ирански ракетен напад

Блинкен: Целиот свет треба да го осуди „неприфатливиот“ ирански ракетен напад

Вашингтон, 1 октомври 2024 (МИА) - Ракетниот напад на Иран врз Израел беше „целосно неприфатлив“ и треба да биде осуден од целиот свет, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Првичните извештаи сугерираат дека Израел, со активна поддршка на САД и другите партнери, ефективно го поразил овој напад“, изјави Блинкен за новинарите.