Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име, постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката
- Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција, откако утринава Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба и овластување.
You need to login to view this page en