• Friday, 10 April 2026

Бесплатно паркирање во општина Центар за велигденските празници

Бесплатно паркирање во општина Центар за велигденските празници

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Бесплатно ќе биде паркирањето на територија на општина Центар за време на велигденските празници.

- Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10 април - петок, 12 април - недела и 13 април - понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата - „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим - соопштија денеска од јавното претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11 април - сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе работат со вообичаено работно време.

- Депото на „пајак“ - службата на ЈП „ПОЦ“ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ ќе продолжи на 14 април - вторник со вообичаено работно време - информираа од јавното претпријатие.

Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ им посакува убави велигденски празници на сите. бд/вг/

Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“