Бесплатни кино проекции за велешките прво и второ одделенци
- Општина Велес во соработка со „Киноверзум“ за учениците од прво и второ одделение од сите основни училишта во општината денеска во пресрет на Нова година организира бесплатни кино проекции на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.
Велес, 30 декември 2025 (МИА) – Општина Велес во соработка со „Киноверзум“ за учениците од прво и второ одделение од сите основни училишта во општината денеска во пресрет на Нова година организира бесплатни кино проекции на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.
Како што информира попладнево градоначалникот Марко Колев, со ваквите проекти се поттикнува љубовта кон филмската уметност уште од најрана возраст. Воедно се развива културната писменост кај децата и се создаваат навики за квалитетно и заедничко доживување на уметноста.
Најави вакви и слични проекти за најмладите од општината и во новата 2026 година.ад/вј/
Фото: Општина Велес