Бенфика се спаси по 0:2 со Порто, Мурињо беше исклучен кон крајот на натпреварот
- Бенфика и Порто одиграа нерешено 2:2 синоќа во 25. коло од португалската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Естадио да Луж“ во Лисабон.
- Post By Зоран Стерјовски
- 08:35, 9 March, 2026
Лисабон, 9 март 2026 (МИА) - Бенфика и Порто одиграа нерешено 2:2 синоќа во 25. коло од португалската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Естадио да Луж“ во Лисабон.
Виктор Фрохолд и Оскар Пјетушевски ги постигнаа головите за гостите во првото полувреме.
Андреас Шјелдеруп и Леандро Бареиро ги постигнаа головите за домаќините во второто полувреме, а Бареиро израмни во 89. минута.
Во 90+1 минута, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, и резервниот дефанзивец Николас Отаменди добија црвени картони поради неспортско однесување.
Бенфика има 59 бода и е трета на табелата во лигата. Порто е прв со 66 бода. зс/
Фото: ЕПА