Белорусите добија право на глас и избор во локалната власт во Русија
- Државната дума на Русија денеска го ратификуваше протоколот што им овозможува на државјаните на Белорусија кои живеат постојано во Русија да гласаат и да бидат избирани на локалните избори, како и да вршат функции во органите на локална самоуправа.
- Post By Сања Костовска
- 15:58, 15 July, 2025
Москва, 15 јули 2025 (МИА) – Државната дума на Русија денеска го ратификуваше протоколот што им овозможува на државјаните на Белорусија кои живеат постојано во Русија да гласаат и да бидат избирани на локалните избори, како и да вршат функции во органите на локална самоуправа.
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, ја поздрави одлуката, оценувајќи ја како значаен чекор кон понатамошна интеграција и зајакнување на соработката меѓу двете земји. ссм/
фото: архива