Белата куќа нуди стимулации за вработените во федералните служби да си дадат отказ
- „Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, без да мора да работат, се наведува во електронската пошта испратена до сите вработени во федералните служби и агенции, до која увид имале британските медиуми.
Вашингтон, 29 јануари 2025 (МИА) - Администрацијата на идниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нуди стимулации за речиси сите вработените во федералните служби да се откажат од работните места и предупреди на плановите за намалување на јавниот сектор.
„Програмата за одложена оставка“ ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, без да мора да работат, се наведува во електронската пошта испратена до сите вработени во федералните служби и агенции, до која увид имале британските медиуми.
Федералните отпремнини вобичаено се ограничени на 25.000 американски долари, а вработените добиле рок до 6 февруари да донесат одлука. Во мејлот се наведува и дека администрацијата очекува „поедноставна и пофлексибилна работна сила“.
Иако војската и некои агенции најверојатно ќе го зголемат својот персонал, повеќето агенции најверојатно ќе бидат намалени преку реструктуирање и отпуштања.
Белата куќа се уште не излезе со коментар за состојбата во вработените.
Претседателот на американската федерација на владини службеници, Еверет Кели, рече дека предлогот „не треба да се смета за доброволен. Помеѓу низата извршни наредби и политики против работниците, јасно е дека целта на администрацијата на Трамп е да ја претвори федералната влада во токсична средина каде што вработените не ќе можат да останат да работат дури и да сакаат“, рече тој.сд/
фото:МИА архива