Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
- Делови од општината ќе немаат вода од девет часот до санирање на дефектот.
- Post By Блаже Дарудов
- 18:52, 2 July, 2024
Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани. бд/дма/
Фото: МИА архива