• Thursday, 18 December 2025

Без вода неколку улици во Центар

Без вода неколку улици во Центар

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:40 часот ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“ и „Банатска“ во населба Центар.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на ул. „Самоилова“ бр.50 во Центар.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности. дма/

Фото: МИА архива