• Monday, 28 October 2024

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Без вода за пиење изутринава од 09.30 часот ќе останат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош. Прекинот во водоснабдувањето е поради водоводен приклучок на оваа улица, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што е најавено, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/лв/

Фото: МИА архива

You May Also Like