Без вода дел од општините Центар, Чаир и Бутел
- Без вода денеска од 8:15 часот се дел од корисниците од улицата „50 Девизија“ во Општина Центар.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:15 часот се дел од корисниците од улицата „50 Девизија“ во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улица „50 Девизија“ број 27.
Поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улицата „Ресенска“ без број, од 8:35 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од истата улица.
Без вода денеска од 9:00 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Хо Ши Мин“ во Општина Бутел. Прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-80 милиметри на улица „Хо Ши Мин“ 433.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенциите. мд/дма/
Фото: МИА архива