• Sunday, 28 July 2024

Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“

Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска, од 12:20 часот, без вода се корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од број 12 до 118, а дел се со намален притисок. Вода нема и на улицата „Васко Карангелевски“, од бр. 1 до бр. 29, во населбата Аеродром.

Водоснабдувањето е прекинато поради сложен уличен дефект од Ф-150 мм на булеварот „Јане Сандански“ 16.

Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот. ир/нд

 

Фото: МИА архива