Безбедна за пиење водата во Скопје
- Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа од јавното претпријатие.
- Post By Блаже Дарудов
- 09:27, 14 April, 2026
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Безбедна за пиење е водата на скопската територија - соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 11 април зеде 189 примероци за физичко-хемиска и 189 за микробиолошка анализа на водата за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - информираа од јавното градско претпријатие. бд/вј/
Фото: Фејсбук-страница на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје