Бајден: Стапката на невработенст во САД останува рекордно ниска
- -Денеска добивме добри вести за работниците и нивните семејства: во септември беа создадени повеќе од 250.000 нови работни места, а стапката на невработеност се намали на 4,1 оттсо, се вели во изјавата објавена денеска
Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) Претседателот Џо Бајден излезе со изјава по повод позитивниот извештај за вработеноста во САД за септември истакнувајќи дека стапката на невработеност во САД останува рекородно ниска.
-Денеска добивме добри вести за работниците и нивните семејства: во септември беа создадени повеќе од 250.000 нови работни места, а стапката на невработеност се намали на 4,1 оттсо, се вели во изјавата објавена денеска
Бајден укажа дека економијата на САД создадала 16 милиони работни места, „а платите растат побрзо од цените,“
Тој нагласи неговата администрација успеала стапката на невработеност да ја намали до најниско ниво во последните 50 години, и дека биле создадени 19 милиони нови компании, а со тоа се намалила инфлацијата и каматните стапки.
-Гледаме јаки резултати од колективните договори за зголемување на платите на работниците, вклучувајќи го напредокот постигнат од страна на пристанишните работници во постигнувањето рекордни плати (во преговорите) со превозниците и операторите на пристаништа, како и повторното отворање на пристаништата на источниот брег и заливот, изјави претседателот.
Бајден истовремено повика да не се запира постигнатото и апелираше да се направи повеќе за намалување на трошоците и зголемување на можностите:
-Конгресот треба да го усвои нашиот план за изградба на милиони нови домови, проширување на ограничувањата на цените за лекови на рецепт, зголемување на правата и можностите на работниците и заштита на правото на организирање, како и намалување на даноците за трудољубивите семејства.
Џо Бајден посочи дека републиканците во Конгресот „планираат воведување огромни даночни олеснувања за милијардерите и големите корпорации, укинување на Законот за достапна медицинска нега, намалување на платите за прекувремена работа, како и воведување национален данок на продажба, со што трошоците за живот би се зголемиле за речиси 4.000 долари годишно.“
-Додека тие ги ставаат милијардерите на прво место, ние ќе продолжиме да се бориме за процут на средната класа, изјави претседателот на САД. кб/