• Sunday, 28 July 2024

Барак Обама и даде поддршка на Камала Харис

Барак Обама и даде поддршка на Камала Харис

Вашингтон, 26 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама објави денеска дека ќе ја поддржи кандидатурата на Камала Харис за Белата куќа.

„Порано оваа недела, Мишел и јас и се јавивме на нашата пријателка Камала Харис. И кажавме дека мислиме дека ќе биде фантастичен претседател на САД и дека ја има нашата целосна поддршка“, објави Обама на платформата на социјалните мрежи X.