Багеј: Европските држави им помогнаа на САД и Израел да го нападнат Иран
- Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј денеска ги обвини европските држави дека придонеле за создавање поволни услови за американско-израелските напади што доведоа до војната со Исламската Република
- Post By Марина Илиевска
- 14:56, 9 March, 2026
Техеран, 9 март 2026 (МИА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј денеска ги обвини европските држави дека придонеле за создавање поволни услови за американско-израелските напади што доведоа до војната со Исламската Република.
- За жал, европските држави помогнаа во создавање на такви услови. Наместо да инсистираат на владеење на правото, наместо да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на САД, тие се изјаснија и се согласија со нив пред Советот за безбедност на ОН за време на дискусијата за повторно воведување на санкциите, а сето ова заедно ги охрабри американската и ционистичката страна да продолжат да ги извршуваат своите злосторства, посочи Багеј. ми/сд/
фото: ЕПА