Багаи: Сè уште нема одлука дали Иран ќе учествува во преговорите со САД во Пакистан
- Причината е јасна, ова не е прашање на неодлучност. Се соочуваме со контродикторни пораки, недоследно однесување и неприфатливи потези од страна на САД, наведе Багаи
- Post By Марина Илиевска
- 20:32, 21 April, 2026
Техеран, 21 април 2026 (МИА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмил Багаи за државната телевизија ИРИБ изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука дали Иран ќе учествува на мировните преговори со САД.
- Причината е јасна, ова не е прашање на неодлучност. Се соочуваме со контродикторни пораки, недоследно однесување и неприфатливи потези од страна на САД, наведе Багаи.
Тој ги посочи нападите на САД врз иранските бродови и блокадата на Ормуска Теснина.
- Овие американски потези претставуваат пиратство на море и државен тероризам, особено кога станува збор за двата ирански брода, истакна Багаи, додавајќи оти таквото однесување „ги доведува во прашање“ намерите и сериозноста на САД.
Тој потенцира дека „дипломатскиот процес мора да биде ориентиран кон резултати“ и кога Иран ќе процени дека условите се исполнети „ќе ја донесе потребната одлука“. ми/
фото: МНР на Иран