• Thursday, 25 July 2024

Аргентина избегна пораз во првиот натпревар на Олимпијадата

Аргентина избегна пораз во првиот натпревар на Олимпијадата

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Нерешено 2:2 одиграа селекциите на Аргентина и Мароко во првиот натпревар од групата „Б“ на олимпискиот фудбалски турнир.

„Гаучосите“ заостануваа со 2:0 на средината на вториот дел кога Софијане Рахими го отвори резултатот на „Жофроа Гишар“ во судиското надополнување на првото полувреме, пред да постигне гол од белата точка во 51. минута.

Замената Џулијано Симеоневрати еден гол за тимот предводен од Хавиер Маскерано во 68. минута.

Судијата пак досуди 15 минути дополнително во вториот дел, а Аргентинците израмнија во 106. минута преку Кристијан Медина.

Пред да ја испрати топката во мрежата, таа двапати ја погоди стативата. дс

Фото: Принтскрин