Анализа: Повеќето општини немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка
- Повеќето општини во земјава немаат документи усогласени со националната антикорупциска рамка. Во повеќето статути не се содржани одредби за јавна отчетност, пристап до информации, судир на интереси и етички стандарди. Мал број општини имаат кодекси на етика, а во голем дел недостасува обврска за објавување на одлуките, седниците и записниците од советите и комисиите. Овие пропусти ја ограничуваат транспарентноста на одлучувањето и ја зголемуваат можноста за злоупотреба на службената положба, покажува Анализа на правната рамка за превенција и спречување на корупцијата со посебен фокус на општините во Република Северна Македонија, што беше презентирана денеска пред собраниската Комисија за локална самоуправа.
You need to login to view this page en