• Monday, 09 February 2026

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без задржувања на границите

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без задржувања на границите

Скопје, 8 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

Фото:МИА архива