• Wednesday, 31 December 2025

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

АМСМ:  Изменет сообраќаен режим на  делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Скопје, 30 декември 2025 (МИА) -  Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по претежно суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија информира дека поради протест на грчките земјоделци, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (Граничен премин Богородица) е во прекин. Во двата правца е во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан поради сообраќајна несреќа. 

АМСМ известува и дека  од 15 часот денеска ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.

Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. хс/вј

Фото: МИА архива 

You May Also Like