Американскиот потпретседател со порака до медиумите: Ги следиме новинарските извештаи од Белата куќа и соодветно ќе се однесуваме со новинарите
Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) - Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека Белата куќа внимателно следи кои новинари доаѓаат на прес-конференции.
„Ние многу сериозно сфаќаме кои новинари доаѓаат кај нас. Ако сте новинар, дури и новинар со лево ориентирана пристрасност, ние апсолутно сакаме да одговориме на вашите прашања“, рече Венс во изјава за Фокс њуз.
Според Венс, член на Републиканската партија, ако некој шири пропаганда за Демократската партија, ќе биде третиран како некој што шири пропаганда за Демократската партија.
За време на интервјуто, Венс ја пофали и новата портпаролка на Белата куќа, Керолин Левит, која најави дека ќе обезбеди две дополнителни места за новинарите од, како што ги нарече, „новите медиуми“, наместо новинарите од традиционалните медиуми, кои веќе имаат свои седишта во конференциската сала.
Левит, исто така, објави дека тимот на претседателот Доналд Трамп планира да ги обнови акредитивите за печатот на повеќе од 400 луѓе кои, како што вели таа, биле „неправедно раскинати“ за време на мандатот на Џозеф Бајден. зш/