Амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер во посета на Општина Кочани
- Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа разменети мислења за справувањето со последиците од трагедијата во „Пулс“, при што акцент беше ставен на преземените активности и научените лекции од изминатиот период. Во разговорот беше посочена и сличноста со несреќата што се случи во Кран-Монтана, Швајцарија, за што биле споделени искуства и практики.
You need to login to view this page en