• Friday, 05 July 2024

Амбасадорот на Германија во Приштина: За нормализација на косовско-српските односи неопходно е меѓусебно признавање

Амбасадорот на Германија во Приштина: За нормализација на косовско-српските односи неопходно е меѓусебно признавање

Приштина, 4 јули 2024 (МИА) – Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде вели дека нормализацијата меѓу Косово и Србија треба да заврши со признавање доколку и двете земји сакаат членство во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Роде порача дека за да се заокружи успешно овој процес неопходни се храбри одлуки од двете страни.

- Нормализацијата треба да резултира со признавање, доколку и Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ. Многу често она што е означено како „чекор по чекор“ се покажува како  „колку што ќе дадеш толку ќе добиеш“ („tit for tat“), што не е во полза на ниту една од страните. Храбрите одлуки се многу неопходни!, издвои Роде изјава од неговото денешно интервју за телевизијата „ТеВе1“. иа/