• Monday, 19 January 2026

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии

Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.

- На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление - Водици, се наведува во соопштението. мд/лв/

Фото: МИА архива