Поддршка од ДОМ за граѓанскиот протест „Марш за чист воздух“
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 28 декември 2024
Зелената партија ДОМ ја дава својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест "Марш за чист воздух", во сабота 28.12.2024 од 12.30ч, организиран од загрижени граѓани и здруженија. Игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето.
Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите.
ДОМ ги повикува граѓаните кои се за хумано живеење во градовите да се придружат на протестот. Заедно можеме да ја смениме иднината, за доброто на идните генерации.
Демократска обнова на Македонија – ДОМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ДОМ