• Friday, 20 March 2026

Театар „Провокација“ од 22 март, секоја недела со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“

Театар „Провокација“ од 22 март, секоја недела со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“

Скопје, 20 март 2026 (МИА) - Театар „Провокација“ почна со редовен репертоар на детски претстави во Бистро „Комедија“. Претставите се играат секоја недела, со почеток од 12:00 часот.

-Ова е начин да се создаде уште едно катче, каде децата и родителите ќе уживаат во едукативните претстави на овој театар, кој со години е посветен на најмладата публика, соопштуваат од Театарот

Оваа недела на 22 март децата ќе можат да го погледнат мјузиклот „Штурците и мравките“. Претставата е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“ на Жан де Лафонтен.

На 29 март ќе биде одиграна претставата „Зеленковци“, чија содржина се однесува на стекнувањето на еколошките навики.

На 5 април на репертоарот е куклената претстава „Другарство“, која ги учи децата да го препознаат булингот и соодветно постапат во дадената ситуација;

На 19 април е претставата „Застани, погледни па на пешачки премин“, која има за цел да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се  преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација, безбедно движење со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција. ац/

Фото: Театар Провокација