„Сентиментална вредност“ вечерва во Кинотеката, в сабота ќе може да се види и „Бумбаровото лето“
- Кинотеката нема да работи утре.
- Post By Блаже Дарудов
- 10:57, 19 March, 2026
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - „Сентиментална вредност“ (Sentimental value) од Норвешка во режија на Јоаким Триер ќе може да се гледа вечерва со почеток во 20 часот во Кинотеката.
Трае 133 минути и се работи за интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки, кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанција.
- Преку тивки моменти и недоречени разговори филмот истражува вина, љубов и потреба од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски - се наведува во соопштението на Кинотеката.
Филмот ќе може да се гледа и в сабота, исто така од 20 часот.
Нешто порано в сабота, од 18 часот, ќе биде прикажан филмот „Бумбаровото лето“ (Bumblebee’s summer) од режисерот Даниел Кушан, во времетраење од 82 минути.
- Еден блесок од небото и таинствен светилник го претвораат обичното лето во незаборавна авантура што ќе ги промени пријателите засекогаш - се додава во соопштението на Кинотеката.
Во соопштението се додава дека Кинотеката нема да работи утре. бд/
Фото: „Кинотека“