• Tuesday, 16 December 2025

Сончево со појава на магла по одделни котлини, температурите ќе се движат од - 6 до 13 степени

Сончево со појава на магла по одделни котлини, температурите ќе се движат од - 6 до 13 степени

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од - 6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до - 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. ев/мд/

ФОТО: MИА