• Wednesday, 17 December 2025

АМСМ: ГП „Богородица“ блокиран за влез за сите возила, пренасочен сообраќајот кај Манастирец

АМСМ: ГП „Богородица“ блокиран за влез за сите возила,  пренасочен сообраќајот кај Манастирец

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - АМСМ информира дека вечерва во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделците, ГП Богородица (Евзони) е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Грција додека за излез од таа држава работи само за Товарни моторни возила. 

Од АМСМ соопштија и дека околу 19 часот  поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско - Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци.

Како што соопшти претходно АМСМ, поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри.лв/дма/

фото: МИА архива