• Tuesday, 16 December 2025

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

Скопје, 15 декември 2025 - Сè е измислено за мигрантите вели Мицкоски. Бидејќи информациите ги објавија британските медиуми според Мицкоски значи тие измислуваат, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Најрелевантните британски медиуми им текнало да измислуваат мигранти во Македонија? 

Тие му се виновни на Мицкоски само затоа што ја открија вистината.

Граѓаните не се ниту глуви ниту слепи, слушаат и гледаат што се случува. Сè е јасно и потврдено.

Сите нешто измислуваат ама Христијан Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата во која се кажува една суштинска работа: да нема мигранти за пари!

Само Мицкоски и коалаборантот Максим Димитиевски од ЗНАМ не сакаат да потпишат. 

Сами си потврдија, за пари ја предадоа Македонија!

Нема да ви помине. Борбата за Македонија започна и нема да застане. Народот ќе ви го испорача крајот. Сите ќе одговарате!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ФОТО: Архива