• Tuesday, 16 December 2025

Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општината

Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општината

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Општина Бутел денеска додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.

Како што соопштуваат од општината, локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел.

-Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема. Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали. Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво, се наведува во соопштението.свс/вј/

Фото: Општна Бутел

You May Also Like