Ацевски: Постапувањето за Онкологија, ТЕЦ Неготино и РЕК Битола се по ревизорски извештај на ДЗР, очекувам набргу да има постапување и за Државна лотарија
- Прашан што подетално констатира извршената ревизија на работењето на Државна лотарија, Ацевски вели дека, ДЗР констатира дека има сомнеж за несоодветно користење на паричните средства во готово, сомнеж во водењето за јавни набавки, сомнеж во користењето на деловен простор за закупнина итн., и во исто време набавки на опрема којашто до денот на ревизијата не е ставена во употреба, а вредноста на истата опрема изнесува повеќе од 9 милиони евра. - Видете, јас би рекол дека како државна ревизија веќе изразуваме само сомнеж во начинот на користење на парични средства. Имаме сомнеж во она што значи подигнување и прием на парични средства од продажните места каде што се врши продажба на лотаријата и се врши услугата на Државна лотарија од страна на склучените договори и поставените терминали. Потоа имаме сомнеж во начинот на подигнување на готовина на платен промет, односно од деловните банки, каде што одредена готовина наместо да се уплатува во благајната и во сметката се вршат одредени трансакции, коишто според наше видување се незаконски, и имаме сомнеж во начинот на постапувањето, појасни Ацевски.
You need to login to view this page en