Млади во Неготино се обучуваа за превенција и заштита од пиротехника
- „Пиротехника? Не, благодарам!“ - успешно спроведена обука за превенција и заштита од пиротехнички средства, беше организирана од Локалниот младински совет на Општина Неготино, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева на нејзината Фејсбук - страница.
Неготино, 16 декември 2025 (МИА) - „Пиротехника? Не, благодарам!“ - успешно спроведена обука за превенција и заштита од пиротехнички средства, беше организирана од Локалниот младински совет на Општина Неготино, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева на нејзината Фејсбук - страница.
-Обуката беше реализирана од страна на стручни лица од ОВР - Неготино и ТППЕ - Неготино, кои на младите им укажаа на ризиците од користење пиротехнички средства и на значењето на одговорното однесување и личната безбедност. Ваквите едукативни активности секогаш ќе имаат моја поддршка, бидејќи младите и нивната безбедност се наш приоритет, пишува во објавата на градоначалничката.
Таа им порача на младите да се чуваат, бидејќи тие се иднината. свд/
Фото: Фејсбук - страница на Марија Нацева