20 април 2026
Брисел - Еврокомеската за проширување Марта Кос ќе поднесе извештај до Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (AFET) за состојбата на процесот на проширување на ЕУ и перспективите за следните шест месеци.
Брисел - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, се домаќини на 9-тиот министерски состанок на Глобалната алијанса за имплементација на решението за две држави, меѓународна иницијатива насочена кон оживување и конкретизирање на решение за израелско-палестинскиот конфликт преку создавање независна палестинска држава.
Лондон - Годишен извештај на меѓународната невладина организација Амнести Интернешнл за состојбата на човековите права во светот.
Гдањск - Францускиот претседател Емануел Макрон патува во Гдањск на средба со полскиот премиер Доналд Туск.
Париз - Американскиот милијардер Илон Маск е повикан на сослушување во канцеларијата на францускиот обвинител како дел од истрагата за злоупотреби на социјалната мрежа Икс.
Манила - Повеќе од 17.000 американски војници и од шест сојузнички земји учествуваат во воена вежба на Филипините.
Хановер - Отворање на Саемот за индустриска технологија, во присуство на германскиот канцелар Фридрих Мерц и бразилскиот претседател Луиз Ињасио Лула да Силва.
Луанда - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, ја продолжува својата африканска турнеја со посета на Ангола до 21 април.