• Friday, 20 March 2026

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до сите граѓани од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до сите граѓани од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам

Скопје, 20 март 2026

Почитувани сограѓани, По повод Рамазан Бајрам, ви упатуваме најискрени честитки со желби за здравје, радост и спокој во вашите домови. Нека овој светол празник ви донесе нова енергија, надеж и верба за подобро утре, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам што МИА ја пренесува интегрално.

Рамазан Бајрам е време кога се потсетуваме на вистинските вредности, а тоа се добрината, дарежливоста и почитта кон секој човек.

Тие вредности нека не водат во секојдневието и нека ни помогнат да создадеме посилно и похумано општество.

Да продолжиме да градиме мостови на разбирање, да си подадеме рака кога е најпотребно и да негуваме заедништво кое не прави посилни како заедница.

Нека празничните денови бидат исполнети со топлина, љубов и убави моменти со најблиските.

Честит Рамазан Бајрам!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива