• Saturday, 24 January 2026

Унгарија прв финалист на ЕП во ватерполо

Унгарија прв финалист на ЕП во ватерполо

 

Белград, 23 јануари 2026 (МИА) – Унгарската машка ватерполо репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство во Белград, откако вечерва во првото полуфинале извојува победа над Грција со 15-12 (3-4, 5-4, 4-2, 3-2).

Кристијан Манхерц ја предводеше Унгарија до победата со четири голови, Вендел Вигвари постигна три, а Адам Наѓ и Акош Наѓ постигнаа по два.

На крајот од натпреварот, грчкиот селектор Теодорос Влахос беше исклучен поради навреда на судиите.

Противник на Унгарија во финалето в недела ќе биде победникот од второто полуфинале во кое вечерва ќе играат домаќинот Србија и Италија. ег

ФОТО: ЕПА