• Saturday, 24 January 2026

Ен – Несири од Фенербахче во Јувентус

Ен – Несири од Фенербахче во Јувентус


Рим, 23 јануари 2026 (МИА) – Мароканскиот фудбалски репрезентативец Јусеф Ен-Несири (28), треба да му се приклучи на Јувентус во зимскиот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, Јувентус со Фенербахче се договориле околу условите за позајмица на Ен – Несири до крајот на сезоната и сега чекаат согласност од мароканскиот фудбалер.
Јувентус би платил пет милиони евра за шестмесечната позајмица, а на крајот од сезоната би можел да го откупи договорот на Ен-Несири за 19 милиони евра.
Ен-Несири дојде во Фенербахче во летото 2024 година од Севиља во трансфер вреден 19,5 милиони евра. ег
ФОТО: ЕПА