• Wednesday, 15 April 2026

Убедлива пораз на македонските фудбалерки во Битола од Унгарија

Убедлива пораз на македонските фудбалерки во Битола од Унгарија

Битола, 14.април 2026 (МИА) – Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија извојува убедлива победа против македонскиот женски фудбалски тим со 5:0. Гостинките го решија дуелот веќе во првото полувреме кога постигнаа четири погодоци, а клучни беа двата гола во првите девет минути.

Серијата ја отвори Дијана Чањи во втората минута, а веќе во деветтата зголеми на 2:0.

Унгарската репрезентативка во 20. минута повторно се запиша во листата на стрелци и со хет-трик им донесе на гостинките водство од 3:0.

Во првата минута од судиското надополнување, Силија Савања ја совлада Викторија Панчурова и Унгарија поведе со 4:0.

Во продолжението од натпреварот гостинките имаа целосна контрола врз играта и не успеаа да реализираат неколку шанси за погодок.

На две минути пред крајот на натпреварот Ана Чики го постави конечниот резултат од 5:0.

Следниот натпревар избраничките на селекторот Александар Андов го играат за четири дена кога повторно се среќаваме со Унгарија. Натпреварот се игра во Фелчут, а почетокот е закажан за 15 часот. мн/

Фото: ФФМ