Брера АП и Македонија ЃП одиграа без победник
- Екипите на Брера АП и Македонија ЃП попладнево одиграа нерешено 1:1 во рамки на последниот дуел од 27.коло од ПФЛ
- Post By Спорт Инфо
- 17:30, 14 April, 2026
Струмица, 14.април 2026 (МИА) – Екипите на Брера АП и Македонија ЃП попладнево одиграа нерешено 1:1 во рамки на последниот дуел од 27.коло од ПФЛ. За гостите од Скопје ова значи прекин на серијата од пет порази во низа, додека екипата на Брера АП трет натпревар не знае за пораз и со 33 бодови е на осмото место на табелата, додека Македонија ЃП е претпоследна (11.место) со 24 бодови.
На денешниот дуел Брера АП поведе со голот од пенал на Филип Михаилов во 22.минута, а во 57.минута изедначи Огужан Ајдоган.
На денешниот прв одигран дуел во Гостивар Арсими го совлада Пелистер со 1:0.
На чело на табелата е Вардар со 65 бодови, пред Шкендија со 64.
Следното 28.коло се игра од петок до недела. мн/
Фото: ФФМ