Ристески: Го почитуваме правото на протест на синдикатите, и покрај утрешните протести организирани од ССМ, јас ќе бидам на работното место
- Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел од дебатата во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на актуелните случувања периодов околу минималната плата и зголемување на платите, за што истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе склучи договор со синдикатите за зголемување на платите до 40% до 2028 година, а и потсети дека ова е историски најголемо зголемување во текот на еден мандат. Со оглед на тоа што ССМ најави блокади пред Собранието, Ристески истакна дека тој утре ќе биде присутен на своето работно место во Собранието, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
You need to login to view this page en