• Saturday, 14 March 2026

Општина Тетово воведува петдневна забрана за паркирање на булевар поради градежни работи

Општина Тетово воведува петдневна забрана за паркирање на булевар поради градежни работи

Тетово, 14 март 2026 (МИА) Општина Тетово информира дека поради градежни работи ќе се забрани паркирање на возила на булевар во градот од сабота 14 март до среда 18 март. 

Станува збор за делница од булеварот „Благоја Тоска“ од крстосницата со Браќа Миладинови кај текстилното училиште до крстосницата со булевар „Илинден“ и во насока на ОУ „Кирил и Методиј“. 

-Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување работи на булеварот „Благоја Тоска“, од 14.03.2026 година (сабота) до 18.03.2026 година (среда) ќе биде забрането паркирањето на возила долж булеварот. Се молат граѓаните да го почитуваат ова известување и да не паркираат возила на оваа делница во наведениот период, со цел работите да се извршуваат непречено, се вели во соопштението на Општина Тетово. ас/нд

фото МИА архива 

You May Also Like