• Sunday, 15 March 2026

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја“ во Чаир

Меџити: Дрвјата од кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе бидат повторно засадени во новиот парк „Рилиндја“ во Чаир

Скопје, 14 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека дрвјата кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ нема да бидат изгубени, туку ќе бидат преместени и повторно засадени во новиот парк „Рилиндја“ во Чаир, добивајќи нов живот во простор кој ќе им служи на граѓаните.

-Урбаниот развој треба да оди паралелно со заштитата на природата. Затоа дрвјата кои се наоѓаат на просторот на кампусот ќе бидат повторно засадени во паркот ‘Рилиндја’, каде што ќе продолжат да придонесуваат за зеленилото и квалитетот на живот во Чаир- изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираат од општината.

Во првата фаза ќе бидат повторно засадени околу 40 дрвја, додека процесот ќе продолжи и понатаму, со цел новиот парк да се проширува и да се зголемуваат зелените површини во општината. аа/

Фото: МИА архива

You May Also Like