Се чисти и уредува „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп
- Под надзор на прилепскиот Завод и музеј, екипите на прилепските јавни комунални претпријатија денеска го чистеа и го уредуваа просторот околу и во споменикот на културата „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење.
Прилеп, 14 март 2026 (МИА) - Под надзор на прилепскиот Завод и музеј, екипите на прилепските јавни комунални претпријатија денеска го чистеа и го уредуваа просторот околу и во споменикот на културата „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење.

Овој споменик на културата со години беше запоставен.
-Со години овој простор е оставен во запуштена и руинирана состојба, нешто што не му прилега на Прилеп. Нашата обврска е да го зачуваме и да го уредиме секое место кое сведочи за историјата на градот. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење. Различностите мора да ги почитуваме, а културното наследство да го чуваме, вели прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

„Чарши џамија“ потекнува од 15 век, а за споменик на културата е прогласена во 1955 година. ем/нд/
Фото: Извор Општина Прилеп