Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“
- Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира петто меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 06:57, 16 April, 2026
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска организира петто меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса 2026“.
-Целта на советувањето е да ги обедини релевантните чинители од земјоделскиот сектор за размена на знаење, искуства и предизвици, како и да воспостави силна врска помеѓу научно-истражувачката работа и практичната примена во земјоделството, соопшти УГД-Штип.
Најавени се обраќања на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и деканката на Земјоделски факултет на УГД-Штип, Емилија Арсов. хс/ бк/
Фото: МИА архива