• Friday, 17 April 2026

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе избира член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе избира член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи јавна расправа и да утврди предлог-листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. 

Комисијата најнапред ќе одржи јавна расправа, на која ќе утврди предлог-листа од пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени се седуммина кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според информациите објавени на веб-страницата на Собранието, пријавени се кандидатите Миле Стојановски, Кадрије Мустафа, Усеин Елезоски, Жаклина Дамческа, Кире Василев, Ирфан Лимани и Даниела Стојановска-Џинговска. 

Потоа, на друга седница, закажана за 14 часот, ќе биде утврдена предлог-листата за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. ев/бк/

ФОТО: Архива