• Thursday, 12 March 2026

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 12 март 2026

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со Асаф Хаџиев, генерален секретар на ПАБСЕК. (Сала на Влада/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала 5/10:30)

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 93-тата и 92-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/13:00)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Собрание,Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска ќе присуствуваат на означување на стартот на реконструкција и адаптација на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. (12:00)

Скопје - Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) организира Конференција за клучните приоритети поврзани со процесот на пристапување на земјата во Европската Унија, со учество на претставници на Владата, Делегацијата на ЕУ, социјални партнери и граѓански организации од државава. (Europe House, ул. Св.„Кирил и Методиј“52-б/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници. (Простории на Лекарска комора/10:00)

Скопје - Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон организизра настан по повод Светскиот ден на бубрегот 2026 „БУБРЕЖНО ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’ (Граѓански ресурсен центар Скопје/11:00)

Ќустендил - Работна средба меѓу Советот на Општина Крива Паланка и Советот на Општина Ќустендил. (Општина Ќустендил, ул.„Марин Дринов“ бр. 7, гр. Ќустендил/10:00 – 12:00 (македонско време)/11:00 – 13:00 (бугарско време)

Скопје - Предизвици и искуства од воведувањето на механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (СВАМ), настан во организација на Здружението на енергетичари на Македонија ЗЕМАК. (Инофеит/11:00)

Скопје - Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер ќе го отворат Саемот на франкофонските држави. (ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, во близина на Општина Кисела Вода/11:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)

Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. (Пред Министерство за животна средина и просторно планирање/13:00)

Скопје - Крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината. (Центар за култура во Ѓорче Петров/12:00)

Скопје - Изложба на современи австриски уметници ФЛОРА-ФАУНА-ПОКРИВИ / ПИРХ-ЛАЈРЕР-ПИРХ. (Чифте амам/19:30)

Скопје - Изложба на слики на хартија создадени во 1986-1987 г. од реномираниот македонски уметник Свето МАНЕВ. (Галерија ОСТЕН/19:00)

Скопје - Концерт на триото Џорлев, Спировски и Георгиевски. (Македонски паб „ЗЕ“/21:00)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***