• e mërkurë, 25 mars 2026

Во Штип почнаа „Пролетни денови на училишниот спорт“

Во Штип почнаа „Пролетни денови на училишниот спорт“

Штип, 25 март 2026 (МИА) – Околу 300 ученици од штипските основни и средни училишта од денеска учествуваат на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. Домаќин на манифестацијата трета година по ред е Државното средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“-Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешното свечено отварање на спортската манифестација рече дека преку спортот се промовираат вистинските здрави вредности, кои треба да го трасираат патот на младите. 

-Преку спортот се гради здрав дух, здраво тело, се надевам дека ова ќе продолжи и понатаму следните години и преку ова ќе се промовира спортот и ќе се омасовува, всушност тоа е и примарната цел на локалната самоуправа да го поддржува масовниот спорт и преку тоа да се градат едни здрави вредности- вели Јорданов. 

Претседателот на Сојузот на училиште спорт-Штип, Зоран Арсов вели дека учениците наредните месеци ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, фудбал, одбојка, кошарка, шах. 

-Планираме и планинарење на планината Плачковица, потоа велосипедизам и други помали манифестации. Мислам дека ефектот е голем и со самото отворање на затворениот базен имаме млади кои се заинтересирани за пливачките спортови, потоа футсалот, па еве и во ракометот. Децата го сакаат спортот- рече Арсов. 

Финалните натревари меѓу спортските екипи ќе се одржат во мај. вдј/вј/

Фото: МИА 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR